Постојат неколку правила кои помагаат да немате главоболки при отплата на кредитит. Кога зборуваме за подигање кредит, четири работи се од клучна важност при преговорите со банката.
- Точниот износ на кредитот
- Условите за позајмување
- Видот и висината на каматите
- Предвремена отплата на кредитот
Под точен износ на кредитот се подразбира пред да отидете во банка да ја одредите точната намена на кредитот. Тоа е едно од златните правила – не дозволувајте банката да ви продаде кредит, туку вие да го купите од неа. Станува збор за голема разлика.
Условите за позајмување бараат со банката да ја испреговарате до детал цената на кредитот, односно колку пари ќе враќате за оваа позајмица. Многу важен момент е и да се распрашате за дополнителните, односно ситните трошоци кои доаѓаат со секој кредит.
Видот на каматата е многу важен за секој кредит и затоа заслужува посебно внимание. Важно е да знаете дека варијабилната камата го следи движењето на Euribor, додека на фиксната камата тоа не влијае. Затоа кредитите со варијабилна каматна стапка знаат да бидат поевтини. Која камата ќе ја одберете зависи од вас, но и од понудата на банката.
Пррдверемената отплата на кредитот може да биде исклучително добра работа. Доколку се појави оваа можност, важно е да знаете какви се условите за предвремена отплата, односно дали има дополнителни трошоци.
Доколку ви се потребни дополнителни информаци за избор на најповолен кредит или за поуспешни преговори со банките, може да ни пишете на info@tvoipari.mk.