Ако сте претплатник на Нетфликс, на неговиот „Основен“ план, ќе треба да плаќате 3 евра повеќе за да гледате без реклами. За Македонија се уште не е воведена оваа новина и не е променет ценовникот на веб-страницата на Нетфликс, но се очекува тоа да се случи наскоро.
Твои пари.мк ве информира што значи ова и како да заштедите при користење стриминг?
Еве ги клучните работи што треба да ги знаете:
– Користите „Основен план“ (Basic plan)? Автоматски ќе бидете преместени во планот „Стандард со огласи“. Тоа е затоа што основниот план се прекинува.
– Стандардниот план со реклами најверојатно ќечини 4,99 евра месечно, за разлика од основниот со цена од 7,99 долари. Така, ќе заштедите 3 евра месечно (36 евра годишно). Но, во иднина ќе гледате реклами пред и за време на избраните ТВ-серии и филмови. Нетфликс вели дека може да очекувате да гледате „неколку кратки реклами на час“, иако има за цел да ги постави за време на природни паузи. Исто така, можеби веќе не ќе можете да пристапите до некои ТВ серии и филмови.
– Кога ќе бидете префрлени во „Стандард со огласи“? Нетфликс почна да ги префрла своите претплатници во новиот основен план во априловаа година, но процесот сè уште е во тек.
– Не сакате реклами? Најевтината опција без реклами најверојатно ќе биде „Премиум“, која сега чини 9,99 евра месечно. Тоа е 2 еврамесечно (24 евра годишно) повеќе. Но, сигурно ќе сакате да почекате додека да заврши вашиот „Основен план“ за да го искористите максимумот од пониската цена на претплатата. Исто така, проверете дали можете да заштедите со споделување сметка со пријател или член на семејството што живее со вас. Со стандардните пакети, можете да гледате на два екрана одеднаш. Значи, добивањето една претплата и поделбата на трошоците значи дека и двајцата ќе плаќате само 5,50 евра месечно.
Ако не сте задоволни од промените и повеќе не сакате да гледате Нетфликс, вашите опции се:
– Откажете го Netflix без пенали во секое време. Најавете се и изберете „Откажи членство“ во делот за членство и наплата – ќе можете да продолжите да го користите Netflix додека ви заврши месечната претплата.
– Проверете ги поевтините алтернативи. Други понудувачи на стриминг услуги кои нудат поевтини месечни претплати без реклами се Disney+, Amazon Prime, Apple TV+. Но, добро проверете ги цените пред да донесете одлука.
– Користете бесплатни проби за да гледате над два месеци врвни серии и филмови. Некои услуги за стриминг даваат бесплатни проби, на пример од 30 дена на Amazon Prime Video или 7 дена на Apple TV+. Но, никогаш не заборавајте да откажете пред да ви наплатат, освен ако не сакате да го задржите стримингот.
– Ротирајте помеѓу услугите за стриминг за да не плаќате повеќе од една во исто време. Ако се претплатите на Netflix, Prime Video, Disney+ и Now Entertainment, ќе плаќате најмалку 25 еврамесечно. Многу, подобро е да плаќате 5 до 10 евра месечно и повторно да можете да ги гледате врвни емисии и серии.
На следниот линк може да ги следите новините поврзани со цените и услугите на Netflix.