Каде на шопинг овој викенд?

Ако викендот е планиран за шопинг, еве неколку актуелни понуди со намалени цени кои може да ги искористите за добри зделки:

Во Pandora започна попустот од 30% на дел од понудата на белегзии, ѓердани, обетки и привезоци.

На веб-продавницата на Buzz во тек е попустот до 40%, а намалени цени има и во продавниците.

Роденденски попуст од 22% на сите Dormeo душеци имате во Топ шоп.

До 50% попуст на сезоната ‘24 во Мона во продавниците и онлајн.

Во продавницата на JACK&JONES, на GANT East Gate и на FASHION HOUSE City Mall и Ramstore има попуст од 50% на целата залиха.

А, во другите продавници на Fashion group има до 50% попуст и дополнителни 20% на веќе намалените цени за купени два или повеќе производи од колекцијата пролет-лето’24. Понудата важи и онлајн.

Во Sara Fashion, Sara Fashion Home и Penti може да купувате на попуст и на 12 рати без камата со Diners club картичката. Оваа понуда важи до 31 јули.

Секако, и во Зара, Massimo Dutti и во другите продавници на Индитекс и онлајн траат сезонските попусти до 50%.