Дали вреди да се купи годишен билет од Wizzair со неограничен број летови?

Унгарската нискобуџетна авиокомпанија WizzAir објави промоција наречена All you can fly, а тоа е годишен билет кој на клиентите им овозможува неограничени летови во текот на една година. Дали вреди да се искористи годишниот билет на WizzAir со неограничен број летови по цена од 599 евра?

Како што посочуват од WizzAir, во оваа понуда достапни се летови до 950 дестинации и околу 10.000 билети, иако бројот е ограничен во одредени земји.

Ова е првиот ризик што треба да го имате предвид. Може да се случи да нема лет или слободен билет до дестинацијата што вие ја сакате. Во таков случај, ќе треба да купите билет по редовна цена или до друга дестинација, а тоа значи дополнителен трошок за вас.

Многу важен момент што треба да го знаете е дека трошокот од 499 евра, односно 599 евра не е единствен. За секој билет ќе треба да доплатите 9,99 евра по лет, цена која треба да ја платите без оглед на претплатата.

Проблем може да биде и следниот услов – со оваа претплата можете да купите авионски билет само во периодот од 72 часа пред летот. Тоа значи ризик да нема слободни билети, односно авионот да е веќе полн.

Во цената на претплатата не е вклучен дополнителен багаж или избор на седиште во авионот.

Ајде да направиме математика за да видиме дали вреди годишната карта на WizzAir. За да се исплатат потрошените 600 евра, ќе треба да летате најмалку 5-6 пати годишно и тоа под услов да купите 4 билети кои вообичаено, во најевтината варијанта би ве чинеле од 100 до 120 евра. Толку се најчесто најниските цени на WizzAir. И не заборавајте дека ќе треба да доплатите уште 80 евра за 4 билети во два правци (одење и враќање). Значи автоматски, авиобилетите ќе ве чинат од 180 до 200 евра. А, кога би бирале најповолна опција по редовна цена, би можеле да ги платите 100 до 120 евра ако не сте врзани со датум или дестинација.

Затоа добро пресметајте дали ви се исплати оваа понуда, во зависност од тоа дали редовно летате од/до иста дестинација или пак до различни, дали летате на одредени датуми (особено ако е тоа за празници или летни и зимски одмори) и дали летате сами или со повеќе членови на семејството.