Започнаа Back to school акциите кај трговците – има ли пониски цени?

Пред почетокот на училишната година актуелни се бројни BACK TO SCHOOL акции кај трговците, со кои нудат намалени цени промоции за купување ИТ опрема, спортска облека, ранци, училишен прибор и друго.

Нептун нуди попусти на лаптопи, смартфони, таблети и друга опрема. Притоа, има можност за одложено плаќање до 48 рати без камата за лаптопи, таблети и персонални компјутери и до 36 рати без камата за мобилни телефони и додатоци. Aкцијата важи до 01.09.2024 година.

Во понудата на спортска облека и патики, присутни се повеќе трговци. Buzz на својата веб продавница има попуст до 40% на издвоената понуда од повеќе светски спортски брендови.

Веб оутлетот на Мегаспорт овозможува попуст до 60% и дополнителни 20% попуст со промокодот EXTRA20.

Интерспорт има специјална онлајн понуда со попусти до 40% со кодот BTS.

И воД Спорт има Back to school акција, во која добиваш 1.000 денари попуст на сите патики, освен на тие што важат за топ модели. Понудата важи во сите продавници и онлајн, дозволува плаќање на 10 рати без камата со административна забрана и трае до 30.09.2024.

И во продавниците за облека за секој ден има попусти и промотивни акции. Попуст од 20% на веќе намалените цени од 50% за купување на 2 или повеќе производи има во Енци менци. Попустот се пресметува на каса или при додавање на производите во кошничка. Испораката е бесплатна за нарачки повисоки од 1800 денари.

Summer Sale акцијата во Timberland во East Gate Mall има попусти до 60% на колекцијата пролет-лето ‘24.

За купен 1 текстилен производ во Sara fashion home, пак, има попуст од 50% попуст за втор производ. Акцијата трае до 24 август.