Студентите бруцоши ќе може да аплицираат за бесплатен студентски оброк до 5 септември.
Министерката за образование Весна Јаневска ги повика сите студенти да го искористат овој повик и да аплицираат, а по 20 септември сите што ќе имаат статус на редовен студент ќе добијат студентски оброк.
Во однос на субвенционираниот студентски оброк, за кој електронското аплицирање е во тек од 15 август до 5 септември, и дали ќе има покачување на дневниот износ од 140 денари од оваа академска година, Јаневска одговори дека во буџетот за следната година ќе биде предвидено зголемување на износот.
-Не можам во овој момент со сигурност да кажам колку ќе биде, но во следната година студентите секако ќе имаат покачен студентки оброк, рече Јаневска.
Таа соопшти и дека студентите што завршиле три години додипломски студии имаат право да аплицираат за стипендии за втор циклус студии.