Телекомуникациската компанија А1 прославува петта година од претставувањето на брендот на македонскиот пазар со 50% роденденски попуст за купување нов мобилен телефон.
Како дел од кампањата „Животот е прекрасен со тебе“, А1 овозможи сите нови и постојни приватни постпејд корисници што ќе направат обнова на својот договор, добиваат ексклузивна можност со 50% попуст за нов паметен уред.
Со А1 Net M + TV M и две мобилни линии A1 Ultra M имаат можност да добијат iPhone 15 5G 128GB за месечна рата од 999 денари. Додека, пак, сите нови и постојни бизнис-корисници со А1 Net Business Pro M и две мобилни линии А1 Business Pro М добиваат 50 % попуст за нов паметен уред SAMSUNG Galaxy S24 5G 8/128GB, со 287 денари месечна рата.
Компанијата е горда на своите достигнувања во минатите пет години исполнети со иновативни дигитални решенија, богато конвергентно портфолио, атрактивни понуди и воведување нови технологии и содржини за дигитализација на општеството.
„Лидерската позиција на пазарот и довербата на корисниците во изминативе пет години се доказ за нашата посветена работа и континуираното инвестирање во премиум корисничко искуство. Изградивме најмодерна мобилна и оптичка мрежа, ги усовршивме сите наши производи и услуги, вложивме во нови најнапредни технологии, во атрактивни содржини, сè со цел да ги поврземе нашите корисници и да овозможиме да ги споделуваат најважните моменти во животот“, изјави Методија Мирчев, главен извршен директор на А1 Македонија.
Големото А1 семејство надминува милион корисници на мобилни и фиксни услуги.