Се појави кредит за млади со најниска каматна стапка на пазарот!

На пазарот во земјава се појави потрошувачки кредит за млади со убедливо најниска каматна стапка на пазарот и со поволни услови, а може да се користи за различни потреби. Шпаркасе Банка го лансираше својот нов потрошувачки кредит Vibe on дизајниран специјално за млади луѓе на возраст од 18 до 29 години, кој има каматна стапка од 2,99%.

Овој кредитен производ е вистински новитет на пазарот бидејќи е наменет за млади, без разлика дали се вработени или не, има фиксна каматна стапка од 2,99%, максимален износ до 500.000 МКД и рок на отплата до 60 месеци.

Средствата од кредитот ќе можат да се користат за неколку цели, вклучувајќи:

–  Полагање возачки испит

–  Одмор и патување

–  Набавка на компјутерска и ИТ-опрема

–  Образование, дообразување и преквалификација за развој на вештини

–  Work&Travel програми

–  Апсолвентски екскурзии

„Со нудење на овој приспособен производ, Шпаркасе Банка ја потврдува својата посветеност да ги поддржува младите во нивните различни определби, од образовно напредување до лично збогатување и развој на кариерата. Банката ја препознава критичната улога што ја игра финансиското зајакнување во обликувањето на успешна и исполнета иднина за помладата генерација. Заемот за млади од Шпаркасе Банка е повеќе од само финансиски производ, тоа е отскочна штица кон остварување на соништата и градење цврста основа за иднината“, вели Ивана Петревска, директор на дирекција за маркетинг и комуникации.

За овој кредит Шпаркасе банка не бара обезбедување, но бара задолжителна полиса за животно осигурување. Трошокот за оваа полиса е 3% од износот на кредитот. Доколку младото лице е невработено, ќе мора да обезбеди и кокредитобарател за кредитот, односно еден од родителите да гарантира за него.

Што значи каматна стапка од 2,99? Ако земеш кредит од на пример 300.000 денари на 24 месеци, на банката ќе треба да и вратиш 309.433 денари со месечна рата од 12.893 денари.

Зошто овој потрошувачки кредит е најповолен? Каматите на регуларните потрошувачки кредити на Шпаркасе банка и на другите банки во земјава се многу повисоки. Во Шпаркасе банка најниската изнесува 5,4%. Во Уни банка е 5,3%, во ТТК банка и во Халк банка е 5,0%, во Силк роуд е 5,45%, во Комерцијална е 5,7%, во Стопанска банка Скопје е 5,8%, а во НЛБ банка е 7,10%.