A1 бизнис со нова атрактивна понуда

A1 Македонија го збогати A1 Business тарифното портфолио со нова понуда со бенефиции дизајнирани да овозможат уште поголем избор и вредност за корисниците од корпоративниот сегмент. Целта на оваа понуда е да помогне за засилување на процесот на дигитална трансформација и задоволување на потребата на компаниите за стабилност и безбедност во поврзувањето,  како и неограничена комуникација за водење на своите бизниси.

Со комбинирање на мобилните и фиксните услуги во А1 Combo Business пакетот, 
корисниците добиваат брз и стабилен интернет преку супериорна оптичка мрежа за својата канцеларија. Дополнителни поволности во форма на зголемен национален интернет добиваат корисниците на A1 Business Ultra мобилните услуги, како и поголеми попусти и буџети за набавка на уреди.  
За уште поголема функционалност и дополнителна безбедност, деловните корисници добиваат уникатна можност за избор на една или повеќе ИКТ услуги и тоа три месеци без претплата. Од богатото А1 ИКТ портфолиото, бизнис корисниците можат да изберат го осигураат екранот на новиот смартфон, да го кренат нивото на безбедност и заштита на податоци на едно повисоко ниво преку активирање на A1 Net Protect, A1 Cyber Backup или A1 Endpoint Protect, како и можност за безбедни и опуштени деловни патувања со Roadside Assistance  помош на пат. 
„Ова збогатено продуктно портфолио кое го претставуваме денеска вклучува напредни услуги за управување со податоци, интегрирани комуникациски платформи и иновативни ИКТ алатки кои ќе овозможат поголема ефикасност, флексибилност и безбедност на бизнис ентитетите. Со фокус на потребите на нашите клиенти, создаваме производи коине само што ќе ги олеснат секојдневните операции, туку и ќе им овозможат да сеистакнат на конкурентниот пазар”, изјави Методија Мирчев, главен извршен директор на А1 Македонија.  
Со оваа најнова промоција за деловните корисници, уште еден доказ за посветеноста на А1 Македонија кон градењето партнерски однос со деловните корисници кои се инспирација за креирање на најдобрите понуди на пазарот.