Како да пазариш и да собираш поени во Ист гејт мол – откриј ја новата мобилна апликација

Ист Гејт Мол ја лансираше новата верзија на мобилна апликација, која те носи на лесен шопинг и ти овозможува да собираш поени за ваучер.

Ова иновативно решение има за цел да го олесни шопинг искуството, нудејќи навигација низ продавниците, информации за најновите промоции, попусти и настани, и интегриран програма за лојалност која е прва на пазарот во оваа индустрија. Апликацијата е достапна на Android и iOS уредите.

Со навигација и информации во едно место, апликацијата нуди интерактивна мапа која ќе ти помогне лесно да го пронајдеш секој контакт и продавница во трговскиот центар.

Имплементиран е и новиот систем за лојалнист за сите посетители, кои со секое купување во која било продавница во трговскиот центар, може да учествуваат со едноставно скенирање на целата фискална сметка. Секој внес на фискалната сметка генерира поени, а по собирањето одреден број поени, тие автоматски се претвораат во ваучер. Овој ваучер потоа може да се искористи во една од селекираните продавници.

,,Со лансирањето на оваа мобилна апликација, ние ја поставуваме новата димензија на шопинг и искуство во нашиот трговски центар особено за нашите лојални потрошувачи и посетители. Нашата цел е да го подобриме секој аспект на искуството на посетителите, додека тие уживате во шопингот, вкусни гастрономски искуства и фантастични настани”, велат од Ист гејт мол.

За повеќе информации и дополнителни објаснувања, посети ја веб-страница – eastgatemall.mk или најди ја апликацијата достапна за сите Android и iOS корисници. Може да ја преземеш веднаш на следниот линк – https://qrco.de/bftUmPв