Со кампања за подигање на свеста за навремена дијагностика, Промедика Медикал овозможува дерматолошки преглед по цена намалена за 50%, односно по промотивна цена од 1.500 денари.
Редовната проверка на состојбата на бенките и младежите на кожата е еден од најважните чекори во превенцијата на сериозни заболувања, како што е меланомот – најагресивниот тип на рак на кожа. Иако може да биде опасен, рано откриениот меланом е речиси секогаш излечив, што го прави дермоскопскиот преглед суштински важен.
Прегледот го изведуваат стручни дерматолози со помош на дермоскоп – апарат кој овозможува детална анализа на пигментираните промени на кожата.
Оваа понуда е одлична можност за сите кои одамна ја одложуваат посетата кај дерматолог. Не чекајте да се појави проблем – превентивниот преглед може да направи голема разлика.
Закажување е достапно на тел. 02 3248 454.